Ѓорѓиевски: Скопје не смее да чека, мора да се развива - посветено и со визија, во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Во завршна фаза е изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот. Се работи со полна динамика, и дење и ноќе, затоа што скопјани заслужуваат модерен, функционален и безбеден град, објави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
- Делата говорат. Скопје не смее да чека. Скопје мора да се развива - посветено и со визија. Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно и одговорно - објави на Фејсбук Ѓорѓиевски.

Реконструкцијата опфаќа нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите. Во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација.
- Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица. За само три месеци од преземањето на функцијата градоначалник на Скопје, покажавме дека кога се работи со срце, визија и чесна намера - резултатите се очигледни. Не ветивме чуда, туку работа. И работиме - објави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски, вели дека ова е само почеток и најавува дека следува најголемата инфраструктурна обнова досега.
- Ќе се работи рамномерно, во секој дел на Скопје. Затоа што секој заслужува исти услови, исти шанси и ист квалитет на живот.
Мојот народ го заслужува најдоброто - објави Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена 16-годишна малолетничка во безсознание, кај неа било пронајдено мало шише со бела прашкаста материја
-

Лишен од слобода тетовец затоа што на автопатот Тетово-Скопје возел во спротивен правец
-

Харт: НАТО внимателно го следи развојот на настаните во Иран и блискоисточниот регион
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Мицкоски во посета на Свети Николе по повод празникот Тодорова сабота
-

МНР за Сител: 9 македонски државјани побарале евакуација од Израел - небото е затворено до понеделник
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
