Ѓорѓиевски: По 12 април почнува вистинската реформа во МВР, секој ќе одговара за незаконското постапување
Криминалот и криминалците се природна средина за Заев и Спасовски. Само со сомнителни ликови тие се чувствуваат сигурно бидејќи знаат дека со такви ќе може да се пазарат и договараат.
Затоа Спасовски и Заев ги плашат законските смени во МВР. Затоа Спасовски и Заев си ја назначија Славјанка Петровска за заменик во МВР чија единствена задача ќе биде да ги штити криминогените ликови и да ја спречи професионализацијата на МВР. Впрочем Петровска нема ниту ден работно искуство во областа на безбедноста. Единствена додирна точка и беше седењето во шатор пред владата каде хулигани напаѓаа и повредија десетици полициски службеници.
Заев, Спасовски и Петровска се во паника бидејќи веќе не може да се потпрат на услугите на Примислав Димовски кого си го назначија за началник на интервентната единица. Димовски е познат по тоа што дебело си ја наплати својата соработка со криминализираното СЈО. Дали и тој е вмешан во рекетот треба да се докаже истрагата, но Димовски освен платата од МВР зел и 40.000 евра за услугите кон Катица Јанева.
Заев, Спасовски и Петровска се во паника затоа што се гледа дека Лазе Евридики, не е единствениот кој полициските службени возила ги злоупотребувал за лични потреби. Лазе ќерката си ја развозуваше по грчки кампови, а за соработниците на Спасовски не се знае ниту каде ги управуваат возилата. Лазе Евридики без срам си го поставија за началник на организиран криминал, а соработниците на Спасовски уште побесрамно одбиваат да ги вратат службените возила.
Јасно е дека со вакви ликови во полицијата ќе гледаме престрелки по хотели и улици или ќе имаме фалсификувани пријави како во случајот со насилството на Курто Дудуш.
Нивното време завршува. Доаѓа времето на професионализација и на вистинска борба со криминалот. После 12-ти април почнува вистинската реформа во МВР, а секој ќе одговара за незаконското постапување.
Ново на Сител
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер
-
Дневните температури над 40 степени, Владата со препораки за топлото време
-
На Табановце за влез и на Богородица за излез од државата се чека 30 до 40 минути
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари