Ѓорѓиевски најави финансиска помош за Делчево
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ги повика неговите колеги градоначалници да испратат помош за Делчево.
Вознемирувачки и апокалиптични сцени пристигнуваат од Делчево од невремето со пороен дожд кое за жал, ги поплави речиси сите куќи во понискиот дел на градот и предизвика огромна штета.
-Како претседател на ЗЕЛС, ги повикувам сите мои колеги градоначалници во Република Македонија уште еднаш да ја покажеме својата големина и да помогнеме во санирање на штетите од поплавените подрачја на нашиот источен бисер – градот Делчево. А како градоначалник на општина Кисела Вода, веќе на следната седница ќе поднесам иницијатива од советниците за обезбедување на финансиска помош од минимум 300.000 денари, најави Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
