Ѓоргиев за Сител: Архивите откриваат дека Гоце бил и Бугарин и Македонец
Во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител професорот д-р Драги Ѓоргиев вели дека архивската документација постои и дека таа може да се толкува со различни пристапи.
- Архивска документација и за организацијата и за Гоце Делчев постои, и таа архивска документација може да се толкува со различни пристапи. Јас морам да бидам искрен и да кажам да постојат архивски документи во кои Гоце Делчев се декларира како Бугарин и тоа не е тајна ниту за нивната историографија ниту за нашата историографија. Меѓутоа постојат исто така документи во кои Гоце Делчев зборува за македонци зборува за македонки зборува за македонски народ зборува за Македонија како држава како автономна област како во некое идно време станала независна држава и од тој аспект ние исто така можеме да си го земеме Гоце Делчев како наш припадник Македонец и тоа архивските документи го дозволуваат. - изјави Ѓоргиев.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи