-->
-->
Ѓоре Јовановски: Секоја победа е важна
-->
Тренерот на Работнички, Ѓоре Јовановски секако е задоволен што нашиот тим ги стартуваше со победа европските натпревари ова лето.
Победата од 2-1 против славниот унгарски Хонвед без сомнение носи сериозност на шансите за пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа. Но, и Јовановски, како што истакна по натпреварот, е свесен дека за да се дојде до тоа ќе мора максимален ангажман и на реваншот во Будимпешта.
„Секоја победа во Европа е важна. Имаме триумф од 2-1 и одиме на реваншот со подеднакви шанси за пласман во следната рунда. Хонвед покажа дека е квалитетен тим, па сосема јасно не очекува уште еден тежок меч во Унгарија. Во Будимпешта одиме да постигнеме гол кој секако многу би ни ја олеснил задачата за пласман во следната рунда европски натпревари“ – вели Јовановски.
Реванш натпреварот меѓу Работнички и Хонвед во Будимпешта се игра на 17. јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции