Ѓорчев: Градинки, училишта, вработувања...за поквалитетен живот
Носителот на листата за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Владимир Ѓорчев денеска најави изградба на градинки во сите општини во оваа единица.
- Во секоја општина на потегот Тетово - Гостивар - Дебар од Шестата изборна единица, без исклучок, ќе изградиме нова детска градинка, бидејќи има потреба и затоа што тоа е помош за родителите. Градинките се и можност децата да имаат рано стекнување на знаења, ран детски развој, социјализација и овозможуваат родителите полесно, послободно да одат на нивното работно место, рече Ѓорчев во изјава за медиумите на стариот пат Тетово - Скопје, кај клучката за Сиричино и Требош.
Најави и изградба на голем број спортски сали, а истакна дека ќе продолжи и набавката на 270 илјади учебници за сите ученици и во основното и во средното обрзование.
- Ќе продолжиме со надоместокот за трето дете - мерка што ја користат повеќе од 20 илјади семејства во државата и што е исто така една солидна помош од државата. Кога се ќе се собере - градинки, училишта, повеќе компјутери, бесплатни учебници, економски зони, повеќе вработувања доаѓаме до поквалитетен живот за граѓаните, изјави Ѓорчев.
Според најавите, Ѓорчев ќе посети дел од жителите на општинскиот центар Брвеница, а средби ќе има и со жители на Гостивар и гостиварско.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа