Ѓорческа во првото коло на ВТА турнирот во Лимож

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра мечот од првото коло на ВТА турнирот во Лимож (тврда подлога) што се игра за награден фонд од 125.000 долари. Нејзина ривалка и е Марина Заневска од Белгија, која се наоѓа на 128 место на ВТА листата.
Нашата тенисерка и покрај поразот во еден од финалните мечеви од квалификациите како „среќен губитник“ по отказот на Арнча Рус доби шанса за настап на турнирот како тенисерка со највисок ранг од пријавените што не се пласирале.
Инаку, ова ќе биде втор меч меѓу Ѓорческа и Заневска, а првиот во септември годинава на ИТФ фјучрсот во Сент Мало го доби белгиската тенисерка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0). Почетокот на мечот е во 10 часот и ќе значи старт на денешната програма на која се предвидени да се играат седум мечеви.
По настапот во квалификациите на УС Опен ова е турнир со највисок ранг на кој учествува и македонската тенисерка.
Ново на Сител
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
-

Путин им се заблагодари на севернокорејските војници за помошта при ослободување на Курската област
-

Николоски: ЕУ помага за изградба на коридорите, Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме
-

Арагчи повторно ќе го посети Пакистан
-

Првата линија од Градски воз во функција од 1 септември
-

Трамп објави видео од напаѓачот во хотелот
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
