Ѓорческа ја мина првата пречка во квалификациите на Австралија опен

Најдобрата македонска тенисерка со триумф ги почна квалификациите за Австралија опен. Таа во првата рунда ја елиминираше четвртата носителка Синја Краус од Австрија со 2:0 во сетови (7:5 и 6:0) за 62 минути.
Ѓорческа и Краус на почетокот од мечот водеа неизвесна борба, а првиот брејк го направи австриската тенисерка (108 на ВТА ранг-листата) и потоа стигна до предност од 4:2 во гемови. Во деветтиот гем Ѓорческа спаси две сет топки и намали на 5:4, а во следните три гема на противничката и препушти само два поена.
Во вториот сет македонската тенисерка ја продолжи серијата со освојување гемови и со претходните три стигна до девет гемови во низа откако вториот сет го освои без загубен гем.
Следна противничка на Македонката е Тамара Зиданшек од Словенија, која со 2:0 ја победи Французинката Џесика Понше.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
