-->
-->
Ѓорческа го мина првото коло од квалификациите за УС Опен
-->

Најдобро рангираната македонска тенисерка Лига Ѓорческа го мина првото коло од квалификациите за последниот овогодишен Гренд-слемт турнир на УС Опен.
Ѓорческа попладнево по голема борба забележа победа над Американката Лорен Дејвис која е рангирана на 200-тото место на ВТА листата.
Во мечот кој траеше 2 часа и 15 минути, нашата тенисерка забележа триумф со 2:1 во сетови.
Фаворизираната Американка го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6, а во вториот Ѓорческа возврати со 7-5.
Во решавачкиот трет сет Лина имаше и водство од 5-0 во гемови, но иако Американката успеа да освои три гема во низа, сепак македонската тенисерка го речи сетот во своја полза со 6-3, за конечни 2:1 во сетови.
Со тоа Ѓорческа конечно во третиот свој обид во Њујорк, успеа да ја мине првата квалификациска рунда на УС Опен.
Во втората рунда Ѓорческа за противничка ќе ја има 17 годишната Австралијка, Дестијне Аијава која е 152-ро рангирана на ВТА листата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Европа ја разбра пораката на Трамп за воените бази
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
