„Ѓомлезијада“ во дебарското село Годивје

Во прекрасниот амбиент на недопрената природа на атарот на дебрчкото село Годивје денеска за првпат се одржува „Ѓомлезијада“, натпреварување во приготвувањето на тој специјалитет карактеристичен за охридскиот регион.
Десет домаќинки од селата на Општина Дебрца веќе од раните утрински часови ги разгореа сачовите, почнаа со подготовките за натпреварот, а се очекува нивните ѓомлезиња да бидат готови за дегустација некаде околу пладне. Изборот на најдобро приготвеното ѓомлезе ќе го направат самите гости на манифестацијата по што ќе бидат прогласени победничките, за кои организаторот обезбеди парични награди во износ од десет, седум и три илјади денари соодветено за првото, второто односно третото место.
Ѓомлезијадата е замислена како една сенародна веселба што се одржува во автентичен селски амбиент, на која покрај дегустацијата на подготвените ѓомлезиња се јаде и сирење, се пие јогурт, кисело млеко, неизоставно домашна ракија и вино.
Манифестацијата ќе биде надополнета со богата културно-забавна програма, со фоклорен фестивал на кој ќе учествуваат културно-уметнички друштва од Дебрца,Охрид, како и нивни гости од Романија, Полска, Бугарија, Хрватска.
За забавата на сите гости што денеска ќе бидат во Годивје се задолжени членовите на „Прима бенд“ со настапи на познати естрадни уметници.
Ново на Сител
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
