Тенис
3. January 2024 - 14:18

Ѓоковиќ загуби во Австралија за прв пат по 2018 година

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ загуби од Алекс де Минаур во четвртфиналето на Јунајтед куп со 2:0, по сетови 6:4 и 6:4.

Ова е прв пораз за Ѓоковиќ во Австралија по 2018 година, кога во четвртото коло на Австралија опен беше елиминиран од Хјун Чонг.

Оттогаш, Ѓоковиќ има 43 последователни натпревари без пораз во Австралија. За тоа време, тој го освои Австралија опен четири пати, го освои АТП Купот во 2020 година како дел од националниот тим и ја освои титулата во Аделаида во 2023 година.

На вчерашниот тренинг Србинот имаше проблеми со зглобот на десната рака. Вчера и денес повика физиотерапевт на теренот.