Тенис
4. November 2015 - 9:28

Ѓоковиќ со победа ја започна одбраната на Париз

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на турнирот во Париз каде го брани трофејот од минатата година. 

Во два сета српскиот тенисер, со 7-6 и 6-3 го елиминира Бразилецот Томаж Белучи и во следното коло ќе игра со Жил Симон кој во француската пресметка го совлада  Паире со 2-1. 
Ѓоковиќ се обидува да стане првиот тенисер кој ги освоил сите 6 Мастерс турнири во една година.