-->
-->
Ѓоковиќ се враќа на Нова Година
-->
Новак Ѓоковиќ наредната сезона би можел да ја започне од АТП-турнирот во Бризбејн, кој се игра во периодот од 1 до 8 јануари, шпекулираат светските медиуми.
Директорот на Бризбејн опен, Џоф Куинлан, рекол дека во наредните неколку недели ќе ја објави листата на играчи што ќе учествуваат на турнирот, на која ќе има и имиња на гренд слем шампиони.
Куинлан не сакал да го коментира прашањето дали во Бризбејн ќе игра и Новак Ѓоковиќ бидејќи сѐ уште преговара со играчите, но ветил дека во наредните недели ќе ја соопшти конечната листа.
„Во наредните недели ќе објавиме уште некои гренд слем шампиони што ќе играат на турнирот во Бризбејн“, рекол Куинлан.
Енди Мареј, Рафаел Надал, Ник Киријос и Григор Димитров веќе го потврдија учеството на овој АТП-турнир од серијата 250, а Ѓоковиќ минатиот месец најави дека новата сезона ќе ја започне од првиот гренд слем, Отвореното првенство на Австралија.
Наградниот фонд на турнирот во Бризбејн изнесува 460.000 долари, а тиулата ја брани Бугаринот Григор Димитров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите