Ѓоковиќ по поразот од Синер: Јаник одигра фантастичен меч
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го пофали Италијанецот Јаник Синер од кого вчеравечер загуби со 2:1 во меч од зелената група на завршниот АТП турнир во Торино.
– Мислам дека главната разлика е во тоа што во важните моменти беше похрабар. Јаник заслужи да победи бидејќи во клучните моменти не бев доволно агресивен, недоволно решителен. Му дадов можност да ја преземе контролата. При резултат 15-30 во третиот сет требаше да интервенирам, но не го сторив тоа, а противникот го искористи тоа. Сè што можам да направам е да му честитам. Тој само одигра фантастичен натпревар. Така му кажав на мрежата. Мислам дека ја покажа својата најдобра игра во најважните моменти и апсолутно ја заслужи победата, изјави Ѓоковиќ за прес-службата на АТП.
И за двајцата ова беше втор натпревар на турнирот. Синер сега има две победи, додека Ѓоковиќ една победа и еден пораз.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници