Ѓелова-Стојанова: СДСМ за 40 дена ќе ја задолжи државата за 73 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ секоја втора недела се задолжува преку аукција на државни записи и оти за четириесетина дена Владата ќе ја задолжи државата за 73 милиони евра.
Според Соња Ѓелова Стојанова ова значи дека во просек секој ден државата заклучно со идната аукција ќе ги задолжи граѓаните по еден и пол милиони евра.
- Патем Владата на СДС и министерот Тевдовски упорно молчат за што ги трошат овие пари. Стравувањата кај јавноста за недомаќинско задолжување се оправдани, бидејќи со идната аукција од 13 милиони евра ќе се покријат само 290 илјади евра долгови кои доспеваат, изјави Ѓелова денеска пред Министерството за финансии.
Таа праша дали овие средства од над 12 милиони и 700 илјади евра ќе се користат да се покриваат вработувањата на партиските војници и шарени револуционери во Владата или можеби за, како што рече, набавката на октоподи, морски плодови и цвеќиња за аранжирање.
Оцени дека СДСМ немаат сериозен и одржан концепт на работа и смета дека ова нивно однесување покажува дека „освен што се лицемерни, тие се целосно дезориентирани“.
Ново на Сител
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски