-->
-->
Ги украле компјутерите, но и возилото на продавницата - тешка кражба во Нептун
-->
Ограбена продавницата за бела техника Нептун во Велес. Според информациите на МВР, измеѓу петокот и саботата од 20,30 до 04,30 часот во Велес во продавница на ДОО „Нептун“, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што со употреба на подесен алат ги отстранил катанците од влезната врата, го искршил стаклото, влегол внатре и одзел 22 лап-топ компјутери, разни марки и модели, по што го напуштил местото на настанот.
Во истиот временски период, извршено е и кривичното дело “одземање патничко моторно возило“, при што е одземено „Фиат Уно“ со велешки регистарски таблички , сопственост на С.П. од Велес кое било паркирано во непосредна близина на наведената продавница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
