Живот
13. March 2019 - 22:06

Ги снимал рибите, кога одеднаш се појавил огромен кит и го проголтал: Само нозете му виселе, она што се случи ќе го памети цел живот

Она што го доживеа Јужноафриканецот Рајнер Шимпф (51) во текот на нуркање е слично за библиската приказна за Јон.

Имено, Рајнер нуркла недалеку од градот Порт Елизабет снимајќи ги сардините кога за малку ќе го проголташе кит!.

„Само се појави пред мене, ги голташе рибите и така ме вшмука и мене“, рече Рајнер на кого дури и нозете му виселе од устата на китот.

Остатокот од екипата со неверување ја набљудувал оваа глетка.

„Почувствував притисок околу половината и веднаш знаев што се случи. Китот случајно не вовлече во својата уста заедно со својот главен оброк, сардините“, наведе Шимпф, наградуван експерт за зачувување на поморскиот живот со 20 годишно искуство.

За среќа, огромниот цицач, увидел дека нешто не е во ред, па сам го плукнал. Рајнер се извлекол без никакви повреди. Кога видел дека добро поминал, се вратил во водата.