Свет
29. January 2016 - 15:42

ОН ги обвини силите на ЕУ во ЦАР за „сексуално насилство“ врз деца

ОН ги обвини припадниците на силите на ЕУ во Централно Африканската Република, за „сексуално насилство„ врз деца во оваа земја.

Во специјалниот извештај на Светската организација се вели дека се регистрирани насилства врз девојчиња на возраст меѓу 14 и 16 години, кои обвинуваат дека биле нападнати и силувани од грузиски војници, од составот на ЕУФОР, на ЕУ.

Едно седум годишно девојче, како и едно деветгодишно момче исто така тврдат дека биле напастувани од француските војници, стационирани во оваа африканска земја.

Европските сили беа испратени во ЦАР по избувнувањето на крвавите насилства во земјата, меѓу локалните мулсимански бунтовници и христијанските милиции.

Бунтовниците успеаја во март 2013 година да ја реземат власта во ЦАР, предизвикувајќи силна реакција на христијаните кои создваа свои милиции и милитантни групи за одбрана.

Во извештајот на ОН за насилствата врз децата во ЦАР се вели дека тие се случувале уште во текот на 2014 година, во камповите за раселени лица во близината на аеродромот во главниот град Бангуи, но дека за ваквите случаи се разбрало при правењето на извештајот.

Вкупно десет илјади војници под контрола на ОН се стационирани во ЦАР од сепрември 2014 година.

Во оваа поранешна француска колонија во централна Африка, е стациониран и контингент од две илјади француски војници.