Ги најдоа мртви и прегрнати: Полицијата целосно збунета од глетката, такво нешто досега не виделе
Телата на Џозеф Орбес (21) и Ракел Нгујен (20) кои исчезнаа во калифорнскиот национален парк Џошуа три, се пронајдени пред неколку дена, а полицијата се сомнева дека се работи за убиство и самоубиство.
Телата на момчето и девојката се пронајдени на 15. октомври во положба на прегратка. Полицијата веднаш рече дека доказите упатуваат на тоа дека Џозеф ја убил Ракел, а потоа извршил самоубиство. Утврдено е дека двојката повеќе немала залихи на храна и вода.
Портпаролот на шерифот во Сан Бернардин Синди Бакман изјави дека двојката е пронајдена под дрво и личеле како да се прегрнати еден со друг. Рече дека двојката имала здиплена облека преку долниот дел од нозете за да ги штити од горештината. Полицијата пронашла и пиштол регистриран на Орбес на местото на настанот.
-Она што го затекнавме не личи на ниту една потрага во која досега сме биле вклучени, додаде Бахман.
Исчезнувањето на младата двојка е пријавено на 28 јули по одјавувањето од приватно сместување. Ренџерите од националниот парк го откриле прво нивниот автомобил, а потоа пронашле уште траги врз основа на кои тргнале во натамошна потрага. Спасувачките тимови поминале повеќе од 2100 часови во потрага по двојката и конечно ги пронашле во стрмниот кањон.
Од канцеларијата на шерифот во петокот издадоа соопштение во кое стои дека се вклучиле стручни истражители и инспектори поради сомнителните околности и видливите повреди по телото. Истрагата се уште трае.
Потрагата во текот на август е прекината некое време поради екстремните горештини. Повеќе од 10 членови на спасувачкиот тим завршија со повреди поради високите температури.
Ново на Сител
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот