Гевгелиски „Комуналец“ ќе испраќа опомени за неплатени сметки

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија на 900 физички лица од општината, кои се уште ги немаат измирено своите обврски, со наредната септемвриска сметка на домашна адреса ќе им испрати и опомени за неплатени долгови.
- Сите корисници на услуги кои ги немаат измирено своите обврски заклучно со комуналната сметка за декември 2017 година,сметката за гробарина и за сите останати услуги, ги повикуваме долгот да си го платат најдоцна до 10 септември затоа што после овој рок на сите нив ќе им бидат поднесени предлози за издавање нотарски платен налог, велат од претпријатието.
Комуналците ги предупредуваат нередовните плаќачи до наведениот рок да ги измират неплатените сметки од причина што по истекот на рокот сметките ќе бидат оптоварени со дополнителни нотарски, адвокатски и трошоци за извршување.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
