Гевгелија подготвена за традиционалниот фестивал на смоквата

Од утре до 1 септември во Гевгелија по 13-ти пат ќе се одржи манифестацијата „Смоквијада 2019“ што ја организира здружението на граѓани „Тера“ под покровителство на општина Гевгелија.
Покрај натпреварувачкиот дел во кој ќе доминира варењето на слатко од зрели смокви, деновите посветени на рајското овошје кое дава сила и го чува здравјето, годинава ќе бидат збогатени со многу забава и музика заради зачувување и популаризација на традиционалните вредности на регионот, велат организаторите.
Фестивалот ќе биде отворен утре со дегустација на специјалитети направени од зрели смокви,а програмските содржини ќе продолжат вечерта на Вардарски рид каде за младите ќе се организира забава со ди-џеи од нашата земја и од соседна Грција.
Програмата предвидува слаткото од зрели смокви пријавените екипи да го варат во петок, 30 август на Градскиот стадион во Гевгелија, каде ќе бидат надгледувани и оценувани од посебна комисија.
Музичкиот дел од фестивалот ќе заврши на 31 август со концерт на отворено на музичката ѕвезда Хари Мата Хари, а победниците кои ќе го приготват најдоброто слатко ќе бидат прогласени на 1 септември.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле
-

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни
