-->
-->
Гевгелија ќе се збратимува со украинскиот град Ужгород
-->
Во работна посета на општина Гевгелија денеска престојуваше украинската амбасадорка Наталија Задорожњак која на средба со градоначалникот Сашо Поцков воспостави контакти и договори начела на кои ќе се базира идната соработка.
- Македонија и Украина се докажани пријателски земји со многу заеднички работи и стратегиски приоритети како членството во ЕУ и НАТО и затоа како земја сакаме со вас да развиваме соработка не само на највисоко туку и на регионално ниво. Се договоривме со градоначалникот за идната конкретна соработка во различни сфери и области и за збратимување на Гевгелија со нашиот град Ужгород, рече украинската амбасадорка Задорожњак.
Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков изрази задоволство за договорот околу идната соработка и потврди дека е покрената иницијатива за збратимување на Гевгелија со Ужгород.
- Градот со кој ќе се збратимиме е град со слична проевропска ориентација како на Гевгелија. Се наоѓа во западниот дел на Украина и до сега е збратимен со повеќе градови од земји членки на ЕУ и САД. Се надевам дека преку овој град ќе имаме влез во мрежа преку која ќе можеме да користиме европски пари и искуства и да соработуваме на сите полиња во кои ќе најдеме заеднички интерес, рече Поцков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи