Гевгеличани се едногласни против изградба на рудници на планината Кожуф

Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков денеска не сакаше да коментира во врска со тоа дали Уставниот суд на Република Македонија ја поништил одлуката на гевгелискиот Совет на општината со која беше распишан референдум против рудниците на Кожуф, се додека официјално одлука не пристигне кај него. Сепак потенцира дека неговиот став за ова прашање не е променет.
– Мнозинството граѓани на Општина Гевгелија, Советот и јас како градоначалник, но и Владата, имаме идентичен и јасен став околу ова прашање потврден преку неколку одлуки. Во овој момент можам само да кажам дека мојот став не е променет и дека како градоначалник на Гевгелија не отстапувам од заложбите за еколошка и зелена Гевгелија, рече Поцков.
Во текот на август, пред да расправа по барањето на канадската компанија „Резервоар Минералс“, за укинување на нашата одлука, појасни Поцков, Уставниот суд од нас побара и ги доби донесените одлуки за распишување на референдумот, резултатите и нашето мислење по поднесената иницијатива..
Инаку, локалниот општински Совет распиша референдум на 15 март 2017 година, по што на 23 април тој и се одржа. На референдумот речиси 99 отсто од излезените граѓани гласаа против отворање на рудници.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
-

Автомобил излетал од патот во Ресен - две жени се тешко повредени
