Гевгеличани од денеска пијат вода од новиот водоснабдителен систем
Во водоводната мрежа на регионалниот водовод во Гевгелија од денеска тече вода за пиење од новиот водоснабдителен систем со што жителите од општината ќе пијат здрава и квалитетна вода, нагласи градоначалникот Сашо Поцков на денешниот прес со новинарите.
Анализите на физичко хемискиот состав на водата за пиење што ги направи Институтот за јавно здравје, посочи Поцков, покажаа дека во водата воопшто нема арсен и дека водата одговара на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри кои потврдуваат висок степен на здравствена безбедност на водата.
– Во моментов од бунарите во Мрзенска ада се испумпуваат 180 литри вода во секунда, а тоа значи дека се обезбедени доволни количини вода за граѓаните на општина Гевгелија, како и за жителите на Селемли и Стојаково од општина Богданци кои ја користат водата за пиење од регионалниот водовод во Гевгелија, рече Поцков.
Целокупниот мониторинг и управување со системот е автоматизирано и го вршат обучени лица од јавното претпријатие „Комуналец“. Општина Гевгелија, потврди Поцков, не се откажува и од бунарското подрачје Моин каде во тек е испитувањето за најповолната постапка за деарсенизација на водата за пиење.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
-

Пожар избувна на неколку товарни бродови во иранското пристаниште Дајер
-

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба
-

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
-

Три германски партии го напуштија Икс, тврдејќи дека шири пропаганда и дезинформации
-

Македонските кикбоксери блеснаа во Вараждин: 15 медали на ВАКО Европскиот куп и 4 медали на купот за почетници

