Германските власти имале информации за можни напади на божикни базари

Германските власти во последниве неколку месеци добиле неколку сериозни предупредувања за можни терористички напади за време на одржувањето на божикните базари кои традиционално започнуваат на почетокот на декември.
Дел од германските медиуми потсетуваат дека минатиот месец американски антитерористички експерти ги предупредиле европските земји меѓу нив и Германија дека постои висок ризик од напади кои што за цел имаат настани поврзани во Божик, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Во своето предупредување американскиот Стејт департмент тврдел дека има кредибилни информации за џихадистички групи кои што планираат напади за време на божикните празници. И другите европски разузнавачки агенции предупредувале на можни терористички напади поврзани со Божик, а британското министерство за надворешни работи на своите граѓани кои патуваат во Германија им сугерирало да „останат будни“ на божикните панаѓури и други настани на кои има голема фрекфенција на луѓе.
Минатата недела германските власти уапсија 12 годишно момче кое што е задржано поради сомнение дека сакало да постави бомба на божикен базар во градот Лудвигсхафен но против него сеуште нема обвинение поради тоа што е малолетно. Според германските служби за безбедност момчето работело по налог на Исламската држава.
Како резултат на информациите кои што ги имале германските власти за разлика од предходните години нивото на безбедносни проверки на божикните панаѓури е неколкукратно зголемено но сепак според експертите невозможно е целосно да се превенираат напади на местата каде што во пресрет на Божик има голема фрекфенција на луѓе.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
