Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел им го покажа средниот прст на неонацистите

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел на група неонацисти во германскиот град Салцгитер им покажал непристоен гест со раката, што во јавноста главно беше поздравено, но од некои доби и критики.
Инцидентот се случил во петокот, но видео снимката, на која се гледа како Габриел им го покажува средниот прст, беше објавена синоќа, пренесоа американските медиуми.
На снимката се гледа како десетина десничари држат транспарент на кој ја обвинуваат германската канцеларка Ангела Меркел „за предавство на својата раса“ и го фалат починатиот татко на Габриел, кој бил нацист.
Габриел, шеф на СДП, партија на левиот центар, прво им се насмеал на демонстрантите, а потоа им го покажал средниот прст и се завртел.
Додека на социјалните медиуми некои го осудија неговиот гест, но многумина и го пофалија, а еден корисник на Фејсбук искоментира: „Би сакал да можев ова да го лајкнам повеќе пати“.
Ново на Сител
-

Петта јавна трибина за важноста на органодонорството одржана во Струмица
-

Младински земјоделски задруги - можност младите да се задржат во своите родни огништа во руралните средини
-

Младите не ја знаат доволно сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
