Германскиот претседател: Војната против Украина е војна против европското единство

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер синоќа изјави дека војната на рускиот претседател Владимир Путин против Украина е исто така „војна против европското единство“.
– Војната на Путин против Украина е и војна против европското единство. Не смееме да дозволиме да не поделат, не смееме да го уништиме големото дело на обединета Европа што го започнавме со толку многу надеж, истакна Штајнмаер во говорот во Падерборн.
Тој наведе дека војната во Украина „двојно повеќе влијае врз заедничките основи на нашите вредности и на нашиот мировен поредок“.
– Русија не застанува со оспорување на границите, не запира со окупација на територијата на независна и суверена соседна земја, туку оди дотаму што ја оспорува украинската државност, посочи Штајнмаер.
Ново на Сител
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
