Германскиот министер за одбрана ја повика Европа да ги зголеми своите воени расходи

Германскиот министер за одбрана, Урсула фон дер Лајен, денеска ја повика Европа да ги зголеми своите воени расходи, пренесе ДПА.
- Сакаме Европејците да направат повеќе за да бидат во состојба да ја гарантираат својата безбедност, а тоа значи инвестиции, подвлече Фон дер Лајен за германската телевизија Зе-Де-Еф.
Повикот беше упатен денеска, пред почетокот на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, која ќе биде прва за новиот американски министер за одбрана, Џејмс Матис.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, кој на должноста стапи минатиот месец, НАТО ја нарече „надживеана организација“ и се закани дека САД ќе ја повлечат својата поддршка за европските членки на Алијансата доколку тие не ги зголемат своите расходи за одбраната.
Американскиот министер за одбрана се очекува да ги увери своите европски колеги во посветеноста на неговата земја кон НАТО, забележаа британските медиуми.
Медиумите потсетуваат дека при сослушувањето во американскиот Сенат Матис изрази желба САД да оддржуваат „што е можно посилни“ односи со Алијансата.
- Се надевам дека неговата позиција за НАТО ќе исплива на површината, рече денеска Фон дер Лајн. Таа додаде дека Матис има добра репутација и влијателна позиција во новата администрација на Трамп.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
