Германски медиуми: Ципрас размислува за избори на 13 или 20 септември

Грчкиот премиер Алексис Ципрас интензивно размислува за предвремени избори кои би се одржале на 13 или 20 септември, јави германската агенција МНИ, а го пренесуваат грчките медиуми.
Според германскиот медиум, Ципрас сака да има избори веднаш по одобрувањето на третата програма за помош, со оглед на тоа што сака да ја реконструира Сириза и да си обезбеди нов чист почеток.
Грчкиот Парламент рано утрово го усвои вториот пакет мерки за реформи, по што можат да почнат преговорите со кредиторите за третата помош. Вкупно 230 пратанеици гласаа против, од кои 36 беа од Сириза. Во Грција се коментира дека ова сепак е помала бројка од минатата недела кога 39 пратеници на владејачката партија гласаа против првиот пакет реформи. Познавачите коментираат дека „се на се, Ципрас е во сосема истата тешка позиција како што беше пред гласањето“.
Портпаролката на Ципрас, Олга Геровасили пред два дена изјави дека Владата на Грција нема намера да распише предвремени избори, се додека не ги заврши преговорите со своите партнери од еврозоната за новиот пакет помош.
- Избори во моментов не би биле корисни и Владата нема намера сега да ги организира, рече таа и додаде дека „целта е да се финализира договорот со Европа, земјата да се врати во нормала и да се постигне стабилност“.
И лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова демократија Вагелис Мимаракис се изјасни против предвремени избори и изрази намера да соработува со премиерот.
- Изборите ќе бидат катастрофа за економијата, рече Мимаракис во интервју за јавниот радиодифузен сервис, додавајќи дека неговата партија ќе победи доколку тие се одржат.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
