Германската полиција застрела напаѓач во Дармштад
Полициски припадници денеска околу пладне застрелале во нога вооружен човек на железничката станица во градот Дармштад во близина на Франкфурт.
Уапсениот човек носел нож и се обидел да нападне патници по што полицајците отвориле оган.
Напаѓачот, кој е префрлен во болница, е на возраст меѓу 20 и 30 години, но засега нема информации за мотивите на нападот. Инцидентот не се поврзува ниту со радикални структури ниту со бранот бегалци од Сирија и Ирак кои што предизвикаа немири во повеќе германски градови минатата недела.
Откако напаѓачот им се заканувал на персоналот и на патниците со нож на станицата која што е една од најфрекфентните во Германија, понала голема паника по што интервенирала полицијата, а привремено е запрен железничкиот сообраќај. Преку Дармштад дневно минуваат 220 возови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука