Германската полиција одзела оружје од приврзаници на „Третиот Рајх“

Полицијата во градот Фленсбург на северот од Германија во близина на границата со Данска денеска одзела неколку парчиња оружје од две лица за кои се верува дека припаѓаат на групата „Граѓанско движење на рајхот“, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Оружјето кое што е набавено со дозвола било одземено откако германските власти ја одзеле дозволата за поседување по што испратила полициски специјалци во домот на двајцата граѓани. Од 73 годишен маж и 69 годишна жена се одземени два пиштоли, два револвери и две пушки.
„Граѓанско движење на рајхот“ е екстремистичка организација којашто одбива да ја признае поствоена Сојузна Република Германија. Составена е од неколку групи и поединци кои што тврдат дека земјата треба да биде една целина со уредување по урнекот на нацистичка Германија или Прусија.
Во слична операција минатиот месец во Баварија друг член на движењето пукал во полицијата при што еден полицаец беше убиен. По зголемените активности на оваа крајно десничарска организација германската сојузна полиција отвори истрага за можна инфилтрација на „Рајхсбургерите“ во полициските структури.
Ново на Сител
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
