Македонија
24. January 2016 - 16:32

Германската компанија размислува да го тужи Оливер Спасовски

Германската компанија “Веридос“ која ги изработува возачките дозволи за Македонија, размислува да поднесе тужба против техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, дознава Курир.

Според информациите на порталот, писмениот демант бил првична мерка, но доколку Спасовски продолжи да измислува информации за наводни фалсификувани документи, тие правдата ќе ја бараат на суд, затоа што неговите изјави се навреда за честа и угледот на компанијата.

Спасовски на 15 месецов, изјави дека во магацинот на МВР пронашол 70,000 дипликат возачки дозволи.

На оваа прес конференција тој не соопшти дека претходно од компанијата му пратиле допис оти се работи за погрешна серија за која тие ја преземале одговорноста да го сносат трошокот и да ја уништат.

Што значи, практично Спасовски ја измислил целата афера и од грешката на компанијата одлучил да прави скандал и тоа токму во периодот кога Македонија ја тресеше аферата со фабриката за фалсификуваните документи на Захир Бекири Чауш.

Денес Спасовски одби да ги коментира наводите кои му ги дала компанијата, вели дека одговорноста ја гледа кај лицата вработени во МВР.Веридос е една од најреномираните светски компании во оваа дејност и е во сопственост на германската влада. Според реакциите на јавноста, со своите настапи, Оливер Спасовски му штети и на имиџот на државата но ги нарушува и македонско-германските односи.