Германската компанија „Маркарт“ отвора фабрика во Велес
Германската компанија „Маркарт“ денеска во индустриската зона Караслари кај Велес ќе ја отвори новоизградената фабрика.
Инвестицијата се проценува на околу 35 милиони евра, а со отворањето на фабриката се очекува да се вработат околу 600 лица. Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови за врвни германски брендови како Мерцедес, Ауди и БМВ.
На свеченото отворање најавено е присуство на претставници на Владата, на сопственикот на групацијата Маркарт и на генералниот директор на Маркарт Македонија, Аицхер Волфганг.
Во март минатата година германската компанија донесе одлука за инвестирање во Македонија, а првиот контакт меѓу германскиот инвеститор и претставниците на македонската Влада беше воспоставен во 2008 година.
Одлуката за инвестирање во Македонија, како што изјавија од компанијата, ја донеле поради квалификуваната работна сила и стабилната економска политика.
„Маркарт“ е основана 1925 година. Досега има отворено фабрики во повеќе земји низ светот, а годишниот обрт на компанијата и околу 700 милиони евра.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Опозицијата планира коалиции – власта сака да ја намали разликата
-
ВМРО-ДПМНЕ побара поголема излезност на изборите за да се спречат црни сценарија
-
СДСМ: Нема откажување
-
Преглед на вести од светот
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог