-->
-->
Германска компанија за оружје нуди 88 тенкови на Украина
-->
– Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ понуди на Украина да и продаде 88 половни борбени тенкови „Леопард“. Понудата вклучува и обука во Германија, резервни делови и муниција, јави ДПА.
Како што е наведено, минатата недела било поднесено барање до Министерството за економски прашања за да се одобри набавката.
Германската влада доби уште едно барање од „Рајнметал“ – за испорака на 100 оклопни транспортери „Мардер“ за Украина.
Владиниот портпарол Штефен Хебешрајт изјави дека одлуката ќе биде донесена наскоро.
Весникот „Велт“ пишува дека „Краус-Мафеј Вегман“ сака да испорача 100 самоодни хаубици способни да погодат цели на 40 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
