Германија за 7 дена добива нова влада: Партиите на Меркел и Шулц најавија крај на успешните преговори
Германските водечки партии, кои започнаа коалициони преговори, се надеваат дека разговорите ќе бидат завршени до следниот викенд што би значело дека повеќемесечната политичка неизвесност во Германија се ближи кој крајот.
Во заедничка изјава по првото утро од формалните кооалициони преговори, партиите ЦДУ, ЦСУ и СПД соопштија дека експертските групи имаат за цел за седум дена да состават конкретна програма на владата.
-Од петок до недела (идната седмица) водечките преговарачи ќе се состанат за да ги финализираат преговорите, наведено е во соопштението со напомена преговорите евентуално можат да се продолжат за два дена.
Германската канцеларка Ангела Меркле која ги предводи конзервативците најави дека партиите ќе се сконцентрираат на брзо преговарање.
-Луѓето од нас очекуваат да правиме исчекор кон формирањето на влада и затоа сум многу оптимист, рече Меркел пред почетокот на преговирите.
Лидерот на социјалдемократите Мартин Шулц, исто така пред преговорите, рече дека на ЕУ и е потребна Германија која повторно ќе ја преземе водечката улога во светло на меѓународните предизвици.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен