Германија воведе контрола на границата со Австрија

Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мазиер синоќа изјави дека Германија привремено вовела контроли на својата државна граница со Австрија во обид да го намали бројот на бегалци кои што бараат азил во земјата.
Претходно, на барање на официјален Берлин австриските власти ги запреа сите возови што одат кон Германија.
- Во моментов Германија повторно воведува гранична контрола на внатрешните граници (на ЕУ). Првично фокусот ќе биде на границата со Австрија, изјави министерот Мазиер . Главни цели на овие мерки според него се ограничување на бранот бегалци и повторно функционирање на редовните процедури врз основа на кои луѓето влегуваат во земјата. За Мазиер овој чекор на германските власти бил неопходен и поради безбедносни причини, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според претставници на ЕУ, Германија има право повторно да воведе гранични контроли на своите граници, особено на границата со Австрија. За Брисел ова е причина повеќе членките на Унијата да договорат заеднички одговор на бегалската криза.
„Временото воведување на гранични контроли меѓу земји членки е можност која што може да се преземе во кризни ситуации, а е предвидена и регулирана со Шенгенскиот граничен договор“, е ставот на Европската комисија во врска со мерките на Германија, според која земјата има право согласно правилата на ЕУ да ја контролира својата граница.
Мерките што ги презеде владата во Берлин веднаш беа поздравени од унгарската Влада, која се очекува дополнително да ги зајакне мерките за контрола на својата граница кон Србија и да го намали бројот на примени бегалци.
Одлуката на Германија да воведе поголема контрола на приемот на бегалци, кои што во рекордни бројки доаѓаат во земјата, можно е да предизвика реакции од низа други земји членки на ЕУ или земји кандидати преку кои што минуваат бегалците, кои и претходно најавуваа дека сакаат да ги затворат своите врати за луѓето кои што бегаат од кризите во Сирија, Ирак, Авганистан и Северна Африка.
Главната рута преку која што досега доаѓаа бегалците во Германија оди од Турција преку Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија или Чешка.
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
