Германија се подготвува да ги ублажи рестриктивните мерки

Германската Влада денеска треба да ја разгледа можноста за ублажување на мерките воведени во борбата против коронавирусот.
Официјални претставници тврдат дека затворањето на училиштата и многу фабрики, продавници и ресторани во текот на минатиот месец дало резултати во борбата против епидемијата и дека германските болници се добро опремени за лекување на пациенти заразени со коронавирус.
Меѓутоа, тие , исто така, предупредуваат дека е долг патот до целосна нормализација на животот во земјата.
Во Германија за денеска е најавен разговор меѓу канцеларката, Ангела Меркел, нејзиниот кабинет и гувернерите на сојузните држави за тоа дали мерките во борбата против епидемијата можат да бидат ублажени и на кој начин, доколку тоа е можно.
Од Институтот „Роберт Кох“ предупредуваат дека е се уште рано за ублажување на мерките и дека и натаму е висок секојдневниот број на новозаразени, иако полека доаѓа до забавување на ширењето на епидемијата.
Директорот на Институтот,. Лотар Вилер, наведе дека едно заразено лице во Германија заразува околу 1,2 други лица и дека тие сакаат оваа бројка да биде помала од еден.Тој апелираше до германските граѓани да бидат трпеливи и да продолжат да ги почитуваат мерките на социјално дистанцирање, пренесуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
