Германија прогласи крај на епидемијата на коронавирусот
Германскиот министер за здравство прогласи крај на епидемијата на коронавирус во таа земја.
На полноќ во Германија истече условот за носење заштитни маски, како и важноста на другите мерки против корона. Првпат по три години нема да има повеќе владини ограничувања поврзани со епидемијата, објави денеска „Франкфуртер алгемајнехтунг“.
До неодамна посетителите на болниците и домовите за стари лица мораа да носат маска FFP2, а тоа важеше и за пациентите и за посетителите на медицинските ординации и установите за дијализа.
Тие правила сега се укинати од германската држава, но медицинските установи сè уште може да бараат да се носат маски и не е јасно колку објекти ќе го искористат тоа.
Шефот на Националната асоцијација на лекарите за задолжително здравствено осигурување, Андреас Гасен, рече дека медицинската пракса може да го регулира носењето маски во рамките на правилата за секоја здравствена установа посебно.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
