Германија планира да воведе задолжителна вакцинација за некои работни места
Идната германска влада сака од 16 март да ги направи вакцините против коронавирус задолжителни за сите вработени во болниците, домовите за стари и изнемоштени лица и другите здравствени установи, според нацрт-закон во кој имале увид некои агенции.
Германија досега се воздржуваше од воведување задолжителна вакцинација поради страв од зголемен недостиг на медицински персонал и негуватели. Но, поддршката за овој потег порасна откако земјата се соочи со пораст на случаи на инфекција во четвртиот бран на пандемијата.
Социјалдемократите, Зелените и Либерално-демократската партија, кои се подготвуваат да формираат нова германска влада во среда, планираат следната недела да го поднесат новиот закон во Парламентот.
Во нацртот се наведува дека вработените во споменатите области до 15 март ќе треба да докажат дека се вакцинирани против коронавирус, дека прележале Ковид-19 или да приложат потврда дека не можат да се вакцинираат.
Ново на Сител
-
Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
-
Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство
-
Санкционирани 185 возачи на мотоцикли
-
ДС: Реорганизација на министерствата
-
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
-
ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура
-
За седум дена санкционирани 215 непрописно паркирани возила во општина Центар