Германија нема да дозволи „Европа а ла кард“ по Брегзит
За Германија главен приоритет во преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ треба да биде единството на преостанатите земји членки, дури ако тоа предизвика негативни финансиски состојби. Ова е содржано во партиски документ на германските Социјалдемократи, јавува дописникот на МИА од Берлин.
- Ако дозволиме „Европа а ла кард“ односно Унија во која што сите ќе добиваат се што ќе посакаат, тоа ќе доведе до неконтролиран домино ефект, којшто ќе биде закана за единството на Унијата, се вели во документот, кој го објавува германските медиуми, а е подготвен од експерти на СПД, која што е дел од владината коалиција во Берлин .
Документот насловен „Засилување на кохезијата на ЕУ - клучни точки во преговорите со Велика Британија“, содржи предлози за начинот на кој што треба да се водат преговорите со Лондон и сугерира сите аранжмани со Британија по нејзиното заминување од ЕУ да бидат краткорочни и поврзани со исполнување на услови поставени од Брисел.
За документот неделава треба да расправа и парламентарната група на СПД во германскиот Бундестаг. Германската влада инсистира што е можно побрзо Лондон да почне со процесот на заминување од ЕУ условувајќи го притоа учеството на Велика Британија во заедничкиот европски пазар со слободниот проток на луѓе, капитал и стока.
Ново на Сител
-
Како во едно големо семејство се одвива рехабилитацијата на повредените на Пониква
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-
Вработените во јавниот сектор ќе примаат подароци до 50 евра, без да се сметаат за мито
-
Незадоволство во Бугарија по усвојувањето на извештајот за Македонија во ЕП
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници