Балкан
14. јуни 2016 - 12:30

Германија ја повика Албанија да ги имплементира реформите во судството

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги повика политичките фактори во Албанија да го спроведат пакетот реформи во судството, кој е од суштинско значење за започнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Штајнмаер, кој денеска е во посета на Тирана, ги повика албанските лидери „да ја преземат целосно државничката одговорност и без одложување да ги одобрат реформата во Парламентот", пишува албанскиот весник „Мапо".

И покрај противењето на опозициската Демократска партија, САД и ЕУ настојуваат Албанија да ги усвои судските реформи, кои се клучни за борбата против корупцијата во државата на сите нивоа, особено во судскиот систем.

Ново на Сител