Германија и Франција подготвени да прифтат учество на сириската армија во борбата против ИД

Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лајен изрази подготвеност да прифати учество на сириските владини сили во меѓународната борба против групата Исламска држава (ИД).
- Во Сирија има армија, која целосно може да се искористи, како што се случи во Ирак, каде успешно беа обучени локалните сили, истакна Лајен.
Таа истовремено потенцира дека нема да има иднина за Сирија додека претседателот Башар ал Асад е на власт.
Според францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус, соработката со сириската армија во борба против ИД е дозволена само доколку Асад си замине од власт.
-Ако дојде до политичка транзиција и сириската војска повеќе не е раководена од Асад, тогаш може да се преземат заеднички дејствија против тероризмот. Но, се додека тој е на власт тоа нема да биде можно, нагласи Фабиус.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
-

Трипуновски најави нова кампања - ќе одат директно кај земјоделците
-

Жените се повеќе се охрабруваат да го пријават насилството
