Германија една недела карантин ја чини 3,5 милијарди евра

Одлуката на германската Влада да воведе карантин со цел намалување на ширењето на новиот коронавирус скапо ќе ја чини економијата, предупредуваат експертите.
– Секоја недела карантин ќе чини околу 3,5 милијарди евра од бруто домашниот производ (БДП), истакна Енцо Вебер од нирнбершкиот Институт за пазар на трудот и вработување.
Тој истакна дека карантинот има негативно влијание врз развојот на вработување во Германија.
Канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 германски сојузни држави се согласија в среда да се воведе целосен карантин, што ќе трае до 10 јануари.
Со мерките меѓу другото предвидуваат дека средба може да имаат најмногу пет лица од две домаќинства. Исклучок ќе биде периодот од 24 и 26 декември, односно за време на Божикните празници, но не и за дочекот на Нова година.
Од 16 декември се затвораат продавниците, освен оние за суштинска стока, и забранети се огномети за новогодишната ноќ.
Верски служби ќе бидат можни само со строги ограничувања, а забранета ќе биде консумација на алкохол во јавност.
Владата бара од луѓето да се воздржат од патувања и да ги намалат контактите кои не се апсолутно неопходни. Владата најави и дополнителна економска помош.
Ново на Сител
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Марија Митева, портпаролка на Владата
-

И другите општини ќе учат од Прилеп како да селектираат отпад, Прилеп останува лидер во Македонија
-

Миризбата која ги вознемири скопјани доаѓа од пожарот во Ѓорче Петров, сите сили фокусирани на ова жариште
-

Четири нови сомнителни случаи со западно-нилска треска, меѓу нив има и дете
-

Не влечениот, туку лицето што влече е починатиот струмичанец - претходела тепачка
