Германија бара работници, а овие профили се најбарани
На Германија и недостасуваат експерти - и тоа повеќе од никогаш досега. Поради недостигот на квалификувана работна сила, германската економија годишно губи околу 30 милијарди евра.
Работа има, но нема работници, и тоа е голем проблем на кој укажуваат се повеќе германски фирми. Моментално им фалат 440 000 висококвалификувани работници.
Само во електроиндустријата требаат 50 000 инженери, во ИТ секторот околу 55 000 експерти, додека во машинската индустрија се распишани околу 11 000 конкурси, 50 отсто повеќе од лани.
Во меѓувреме, дури 60 отсто од германските компании истакнуваат дека недостатокот на квалификувана работна сила им е најголем проблем. Секоја петта фирма бара млади таленти во другите региони, ги интензивира соработките со образовните установи и работи на преквалификација на сопствените работници.
16 проценти од фирмите вовеле флексибилни работни модели како „џон шеринг“ додека 13 од нив се подготвени да вработат и кандидати без соодветни квалификации, но со потенцијален понатамошен развој.
Целта не германската влада е целосна вработеност, и тоа уште во 2025 година. Според некои прогнози, на Германија во 2030 години би можеле да и недостасуваат повеќе од 3 милиони квалификувани работници.
Моментално се слободни над милион работни места, но исто толку и долгорочно невработени.
Арбер Бајрами во Германија живее во изминатите три години. Студира германсистика и по малку работи. За медиумите раскажал колку шанси имаат малдите кои во Германија заминуваат по парче леб.
„Овде многу лесно се доаѓа до работа, иако постои одредено ниво на дискриминација. Владее огромна побарувачка за работна сила, како во приватниот така и во јавниот сектор. Ако некој кандидат има посебни квалификации кои го издвојуваат од конкуренцијата, релативно лесно ќе најде работа во Германија“, тврди студентот.
Ново на Сител
-

Германија ќе инвестира милијарди евра во зајакнување на цивилната заштита
-

Барселона го израмни рекордот на Реал по победи на сите домашни натпревари во Ла Лига во една сезона
-

Лазаров: Успеавме да составиме тим на играчи кои се борат еден за друг
-

Кливленд ја доби мајсторката со Детроит
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на независноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
