Герет Бејл се враќа во Премиер лигата!
Реал Мадрид веројатно ќе успее да се „ослободи“ од Герет Бејл! Велшанецот беше остранет од од маркетинг кампањата за нови дресови, скоро ништо со неговиот лик или име не може да се купи во официјалните клупски „продавници“, а се покажа дека станува збор за најава за трансфер, откако крилото никогаш не било поблизу до враќање во Англија.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, еден од најсигурните кога станува збор за трансфер вести, објави дека Тотенхем преговара со Реал Мадрид за Герет Бејл!
Договорот е сè уште далеку, но темата Бејл „се појавила“ за време на преговорите меѓу Даниел Ливи и Флорентино Перез за Серхио Регилон. Тогаш првиот човек на Тотенхем прашал дали Бејл може да биде вклучен во големиот трансфер, а се чини дека „кралскиот клуб“ дал зелено светло.
– Герет Бејл сè уште го сака Тотенхем, преговараме … Тој сака да биде таму, изјави агентот Џонатан Бенет вечерва за Би-Би-Си, потврдувајќи дека нешто се случува.
Добро е познато дека Герет Бејл одлично се снајде во дресот на „спарс“ пред да дојде во Реал Мадрид. Тој доживеа ренесанса преминувајќи од позицијата лев бек на позицијата лево крило, па стана најскапиот на сите времиња летото 2013 година, кога Реал Мадрид за него плати повеќе од 100 милиони евра.
Ново на Сител
-
Хеликоптерите на МВР фрлија повеќе од 30 тони вода на пожарот на планината Плачковица | ВИДЕО
-
Хуманитарната катастрофа во Газа мора веднаш да престане, велат Париз, Лондон и Берлин
-
Најмалку 25 лица загинаа, а 280.000 останаа без покрив над главата од почетокот на обилните дождови на Филипините
-
Министерот Тошковски во посета на џудо тренинг сесија на полициските специјалци во Центарот за обука во Идризово
-
Трамп вели дека договорот со ЕУ има 50 отсто шанси, а договорот со Канада можеби нема да се случи
-
На Табановце се чека 40, а на Богородица 20 минути
-
Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
-
Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019