ГЕРБ го врати мандатот за составување влада
Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на бугарска влада на Даниел Митов од ГЕРБ, партијата која е втора по големина според претставниците во националното собрание.
Но како што беше и претходно најавено, Митов веднаш му го врати мандатот на Радев.
– За жал, не гледаме можност тој да се реализира. Нашиот став е дека вториот мандат не е реализиран и да продолжиме со уставната процедура. Радев одговори дека се заблагодарува за олеснувањето, јави БГНЕС.
Во Бугарија сега имаа техничка влада што ја формираше Радев по изборите во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа беа закажани уште едни, вонредни, парламентарни избори, на 11 јули, но Бугарија сè уште не може да формира влада.
Првиот мандат за состав на влада беше доделен на победникот на минатомесечните избори „Има таков народ“ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов, но тие соопштија дека немаат намера да формираат влада. Согласно Уставот, Радев денеска го додели мандатот на ГЕРБ на Бојко Борисов, но и тие рекоа дека не можат да состават влада бидејќи го немаат потребното мнозинство.
Третиот мандат ќе биде доделен на Бугарската социјалистичка партија (БСП), чија претседателка Корнелија Нинова претходно најавидека ќе се обидат да формираат влада и по добивањето на мандатот ќе почнат консултации „Демократска Бугарија“ и „Исправи се Бугаријо! Ние доаѓаме“, бидејќи со трите партии имаат заеднички основа на која може да ги дефинираат приоритетите и политиките на новата власт. Но, таа вели и дека БСП не се откажала од идејата техничкиот владин кабинет да стане редовна влада.
Ново на Сител
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока