Гебрејесус: Пандемијата и натаму се забрзува и не е под контрола
Пандемијата на коронавирус и натаму се забрзува, а повеќето земји сè уште не успеале да ја стават под контрола, предупреди денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој посочи дека од над 11,8 милиони случаи во светот, колку што биле пријавени во таа организација, половина биле потврдени во изминатите шест недели.
Гебрејесус оцени дека пандемијата открила нееднаквости, на глобално ниво и во одделни земји, како во медицинскиот систем, така и пошироко во општеството, пренесува „Гардијан“.
– Вообичаено се вели дека заразните болести не знаат за граници. Тие не се грижат за политичките разлики ниту оние меѓу здравството и економијата, животот и опстанокот. Пандемијата на Ковид-19 ги избриша сите, рече Гебрејесус
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите