ГДОМ организира масовен собир пред Собрание во четврток

Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) во четврток вечер ќе организира масовен собир за одбрана на државата.
Како што пишува Курир, собирот ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија и на истиот граѓаните ќе побараат одржување на избори за излез од кризата во која се наоѓа земјата, прекин на хаосот, дивеењето по улиците и уништувањето на спомен обележјата.
Минатата недела ГДОМ организираше мирни собири во Скопје на кои присуствуваа огромен број на граѓани кои бараат предвремени избори за излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Масовна поддршка, Граѓанското движење доби и вчера на собирите во Велес, Битола и Штип каде граѓаните јасно кажаа „Да“ за избори и „Не“ на сценаријата за продолжување на кризата и бескрајна агонија во Македонија.
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
