Живот
11. December 2015 - 13:49

ГБ во бројки: 8100 пати во денот кажале пцовка, 3112 пати влегле во исповедалницата!

Големот Брат 2015 дојде до самиот крај. Во вечерашната прва финална вечер куќата ќе ја напуштат тројца станари, додека останатите четворица ќе се борат за титулата победник и парична награда. Кој ќе ја напушти куќата со насмевка на лицето ќе дознаеме утре вечер.
 
Во 100 дена престој во куќата, се собра се и сешто, од љубов до непријатели, од смеење до солзи... А ние низ неколку факти ќе ви претставиме пресек на сезоната во бројки.
 
-Вкупно 21 кандидат биле (или се сеуште) во Куќата и се бореле за главната награда.
 
-Во Куќата поминаа шест гости - Лејла (вереницата на Горан), Катја (мајката на Стефани), Симо(сопругот на Зорица) и станарите од сезоната 2011 година Хорват, Душко и Нирмал.
 
-Специјален гостин беше миленичето на сестрите Шегетин, кучето Честер.
 
-Прославени беа четири родендени - на Стефани, Зорица, Барбара и Честер.
 
-Станарите имаа 13 неделни задачи од кои 9 успешно извршени, а 4 неуспешни.
 
-Добиле вкупно 335 казни.
 
-Пoмалку неверојатно, но во просек 8100 пати се слушна цвркотење на птица што значело дека станарите кажале непримерни зборови.
 
-Во исповедалницата влегле вкупно 3112 пати.
 
-48 камери ги пратеше станарите во секој нивни чекор.
 
-186 луѓе секојдневно работеле на реализација на проектот, прателе што се случува...
 
-256 е вкупен број на луѓе кои работеле на проектот Големиот Брат.
 
- Ова беше седма сезона на Големиот Брат.
 
Гледајте ја самата завршница на шоуто вечер и утре вечер во 21 часот на Сител Телевизија!