Гази Баба со голем музички настан ќе ја слави независноста на Македонија
По повод 8ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, општина Гази Баба на ден 07.09.2023 година (четврток) со почеток во 19:30 часот на плоштадот во Автокоманда организира голем музички настан на кој ќе учествуваат естрадните уметници Јордан Митев, Александра Јанева, Наум Петрески, Зуица Лазова и групата Синтезис, а на настнот ќе биде изведен и уметнички перформанс со наслов "Во слава на минатото" од македонски актери, фолклорниот ансамбл Седенка и вокално инструменталната група Аманет.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги покани сите граѓани да присуствуваат при што напиша:
- Само од нас зависи, дали Македонија ќе биде се што имаме или се што немаме. Денот на независноста е светол датум во историјата на Македонија и наша должност е да го почитуваме. - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-
Јапонската туристка што падна кај Канео во стабилна состојба
-
Пожарот во Визбегово локализиран, ЦУК бара решавање на проблемот со дивата депонија
-
Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене
-
Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, се чека од 30 до 45 минути
-
Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците
-
Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка
-
13-годишник со нож го прободел својот малолетен роднина
-
Тешко повреден возач на електричен тротинет, удрил во отворена врата на запрено возило